среда, април 04, 2012

Касиерка


„42 денари.„


На пултот имаше едно мало плаво чоколатце, од оние со крема обложени со тенка чоколадна обвивка, за која можеше да се обложи дека секоја година станува потенка и потенка. Тоа, и една кока кола. Лајт, секако. Не си го сакаше пивскиот стомак. Или стомаче. Во демунитив изгледаше помало, како некое бубуљичаво детенце кое евентуално ќе порасне, и сите тие пубертетски мани ќе исчезнат. 


„Дечко, 42 денари.„


Не знаеше дека оние големи моменти во животот доаѓаат кога најмалку ги очекуваш. Ќе те начекаат така збунет, некаде на улица, невини како свински грип, ќе ти рипнат и те менуваат засекогаш. Го нема оној ти од пред неколку моменти. На негово место се наоѓа овој нов човек кој е толку различен од претходниот. 


„Господине, го задржувате редот, имате намера да платите??„


А тој само ја гледаше и се смешкаше. 



понеделник, април 02, 2012

Страв

Ми припаѓаш
а можеби и јас на тебе
симултано
симулирајќи
срцеви симпозиуми
на далечина
сепак поблиску од било кога
или кого
доволно за да ме заплаши
дури и повеќе од учителката
што ми ги тегнеше ушите
кога и нудев бонбони
за мојот роденден.

среда, јануари 18, 2012

I was always thinking about her even when I wasn’t thinking.


I was always thinking about her even when I wasn’t thinking. Days went by when I did little else. She had left me one night as a complete surprise. I didn’t know where she went. I didn’t know if she was ever coming back. I searched her dresser and closet for any clues. There wasn’t anything there, nothing. No lotions or creams in the bathroom. She had really cleaned out. I thought back on our years together. They seemed happy to me. Summers on the beach, winters in the mountains skiing. What more could she want? We had friends, dinner parties. I walked around thinking, maybe she didn’t love me all that time. I felt so alone without her. I hated dinners alone, I hated going to bed without her. I thought she might at least call, so I was never very far from the phone. Weeks went by, months. It was strange how time flew by when you had nothing to remember it by. My friends never mentioned her. Why can’t they say something? I thought. I remembered every tiny gesture of her hand, every smile, every grimace. Birthdays, anniversaries — I never forgot. But then something strange started to happen. I started doubting every memory. Even her face began to fade. The trip to Majorca, was it something I read in a book? The jolly dinner parties, were they a dream? I didn’t trust anything any longer. I searched the house for any trace of her. Nothing. I started asking my friends if they remembered anything about her. They looked at me as if I were crazy. I sat at home and began to cheer up. What if none of this happened? I thought. What if there was nothing to be sad about?

— JAMES TATE, winner of the Pulitzer Prize and author, most recently, of “The Ghost Soldiers”

вторник, август 30, 2011

Сурфање по каучи (1)

Најголемиот кауч-сурфинг сајт www.couchsurfing.com се пререгистрираше како корпорација по склучување на дозовор за над 5 милиони евра венчр капитал од два фонда во силиконската долина.

Каучсурфинг е социјална интернет мрежа на луѓе кои со цел да запознаат други култури и да креираат нови пријателства, ги отвараат вратите на својот дом за членови на мрежата. Крајниот резултат е доживување на местото каде што патувате заедно со некој кој живее таму, и сосема различно искуство од стерилно останување во хотел.

Во минативе 2/3 години имам хостирано неколку патници и дури дваесетина пати јас сум бил гостин во нечиј дом, почнувајќи од Пало Алто во силиконската долина до Сан Педро де Атакама во Чиле, село сред пустина од 2000 жители. Незаборавни искуства, и единствената работа која е заедничка за сите нив, е дека секое искуство е секогаш повеќе отколку што очекуваш.

Препорачувам да го разгледате сајтот, најдобар начин за вклучување во целата игра е да отворите профил и да примате патници кои проаѓаат низ вашиот град на 'coffee and drink' со тоа што тие ќе си останат во некое хо(с)телче, а вие ќе излезете на неколку часа на муабет, кафе и прошетка низ градот..

сабота, август 27, 2011

Откривајќи ја Македонија

Една и пол година покасно, нов пост. Фрлете еден поглед на www.alfaweld.mk. :)

сабота, јануари 30, 2010

Инцентиви

Она што го движи светот (за среќа) не е љубовта, туку инцентивите. Прашајте било кој економист и ќе ви каже дека може да ги реши сите светски проблеми со давање на инцентива на оние кои ги креираат да престанат. Дали било тоа пари, пиштол на чело, ридикул од општеството, проблемот ќе биде решен. Ова е ставот на авторите на Фрикономикс, кои имаат и еден поприлично интересен блог. Топла препорака. Бтњ, ако некој знае која е етимологоијата на оваа фраза, би бил бајаги заинтересиран да дознаам зошто препораките се често топли..

Како за крај, стих од музинзите на Зоран Анчевски за ветрот:

Ги пуштам сетилата надвор
ко претпазлива шепа на мачор
што не сака да сети бакнеж
на капка бистра вода.

среда, април 08, 2009

Исус за претседател!

Митрополитот наш Европски Пимен (PeeMan, wonder where the name came from), пишува неделна колумна за Дневник. Онаа од вчера зборуваше за протестот на архитектите:

Како и да е, било и да не се повтори, оти како сме тргнале, не дај Боже, крваво ќе биде на камен-темелникот зашто тогаш во нечии раце ќе има и лопати.


Браво попови, уште малку ќе може да почнете аусторс за АРМ да правите.

петок, април 03, 2009

Статуи и нервози

Значи, Економист вика:

Annoy Greece, put up more statues of Alexander


Не само тоа, ами А1 завчера на шала прашуваше дали ни требало биста од премиерот? Треба, одма до таа на александар велики. :)))

вторник, март 31, 2009

Околу тепањето и демократијата

Драги мои, како што се виде во саботата, протестот е ефективно решение за пренесување на порака. Малата студентска група кажа што имаше, Македонија слушна.

Околу плачките за тепањето, доста е.

Не е никаков проблем тоа што македонскиот студент/интелектуалец/социјален придонесувач изеде малку ќотек од своите сонародници.

Проблем е тоа што ќе се прави понатаму.

Сите админи на АрхиВостанието ги тргнаа имињата од фејсбук групата. Па зарем така ли? Пак ли анонимно ќе се буниме? Кога ќе има нареден протест? Кога ќе се соберат архитектите да дадат свој официјален осврт на тоа што им се случи? Има милион прашања, неколку точни, а премногу погрешни избори.

Сега, ова не треба да биде one time only event. Студентите, оние кои се чувствуваат млади, оние кои се чувствуваат повикани да придонесат за провејување на некои подобри ветришта во овие краеви, мора да најдат начин да се помират со оние кои ги/ве тепаа во саботата.

Тепачите се исто така неотуѓив дел од оваа држава, и горенаведените (да ги категоризираме како интелектуалци) имаат морална социјална облигација да ги едуцираат и да најдат начин да влијаат на нивното оформување и вклучување во нормален социјален тек. Начин да се објасни на нашиот помалку паметен мал брат, на нашиот комшија кој е во Вардаровите комити, на нашиот дедо кој се колне во ВМРО, дека можеби некои нешта не се така како што тие мислат. Да почнеме од протестов, но тоа тука не застанува, и не смее да застане.

Читам многу од студентите/набљудувачите се бунат за Самоил Малчески, студентскот лидер. Прво, каде беше барем еден од нив да се кандидира за претседател на ссукм? Каде е барем еден од нив сега да собере петиција за да му изгласаат недоверба? Премногу зборување, премалку акција. Многупати, оставајќи нешто да тече без да преземеме акција е еднакво на поддршка на лошата опција.

Така да, to sum up, јас сум среќен што студентите беа тепани. Камо да беа уште повеќе. Бидејќи само драстичен акт е потребен за да ги разбуди од декадниот зимски сон во кој се наоѓаат.

понеделник, март 30, 2009

Comment se sentir "fyromien"?

Во тек со првиот круг на локалните избори L'Express/Le VIF имаат чланок за изборите во Македонија. Ништо спектакуларно тука, освен убавото сиже:

Cette tragi-comédie néoantique aurait de quoi faire sourire si elle ne fragilisait pas l'un des pays les plus pauvres d'Europe ... Les Macédoniens feraient bien de lire de plus près l'histoire d'Alexandre, leur héros national, mort à 33 ans, ses rêves irréalistes de conquête brisé...


Неоантичка траги-комедија. Како убаво го погодиле.

петок, март 13, 2009

Како да најдеш богата жена

Од упатството на ВикиХау, секако со предупредување:

You might end up marrying a woman that you do not love. This is a good recipe for an unhappy life. Then again, this won't be such a big deal since you will be able to cash in on alimony payments when the marriage ends up in divorce.

недела, март 08, 2009

Дали училиштата ја убиваат креативноста

Во својот Ted Talks говор, еден од најголемите светски поддржувачи на алтернативно школство Кен Робинсон објаснува зошто смета дека традиционалниот модел на школство ја ништи креативноста и имагинацијата кај децата.


Говорот, како и сите останати Ted Talks кои сум ги гледал, е фасцинантен. Авторот остро ја напаѓа стигматизацијата на уметностите во школството. Погледнете и сами.

четврток, март 05, 2009

Нов Блесок..



Новиот број на Блесок е тука. А од таму, една песна на словенската поетеса Луција Ступица која прв пат ја сретнувам:




Волшебна

Одиш по долгиот пат меѓу сонцето и темницата,
немирен страв се вцртува во коските.
Волшебна, велиш. И се вцрвенуваш. Повеќе не проговоруваш.

Те препозна ли некој во предолгите панталони,
во одот на ранлив елен, додека сосема сам
во толпата го ловиш урокливото сеќавање?

Дали стравот се создаде од овие луѓе? Ги снема ли фетишите?
Градови, премногу проѕирни за тебе и ти за нив?
Само таа се слизна, не знаејќи, во тебе,

каде што сега го нуди млечниот пат, медната дланка,
сите мириси и имиња на ветрот, болката и страста.
А во јазикот што го зборува сè се смее.

Би сакал да се наодиш. Тоа го знаеш. Надвор ништо
не се менува: можеш да ја засвиркаш мелодијата како
порано. А мислиш на неа. Волшебна, велиш. И се вцрвенуваш.