вторник, март 31, 2009

Околу тепањето и демократијата

Драги мои, како што се виде во саботата, протестот е ефективно решение за пренесување на порака. Малата студентска група кажа што имаше, Македонија слушна.

Околу плачките за тепањето, доста е.

Не е никаков проблем тоа што македонскиот студент/интелектуалец/социјален придонесувач изеде малку ќотек од своите сонародници.

Проблем е тоа што ќе се прави понатаму.

Сите админи на АрхиВостанието ги тргнаа имињата од фејсбук групата. Па зарем така ли? Пак ли анонимно ќе се буниме? Кога ќе има нареден протест? Кога ќе се соберат архитектите да дадат свој официјален осврт на тоа што им се случи? Има милион прашања, неколку точни, а премногу погрешни избори.

Сега, ова не треба да биде one time only event. Студентите, оние кои се чувствуваат млади, оние кои се чувствуваат повикани да придонесат за провејување на некои подобри ветришта во овие краеви, мора да најдат начин да се помират со оние кои ги/ве тепаа во саботата.

Тепачите се исто така неотуѓив дел од оваа држава, и горенаведените (да ги категоризираме како интелектуалци) имаат морална социјална облигација да ги едуцираат и да најдат начин да влијаат на нивното оформување и вклучување во нормален социјален тек. Начин да се објасни на нашиот помалку паметен мал брат, на нашиот комшија кој е во Вардаровите комити, на нашиот дедо кој се колне во ВМРО, дека можеби некои нешта не се така како што тие мислат. Да почнеме од протестов, но тоа тука не застанува, и не смее да застане.

Читам многу од студентите/набљудувачите се бунат за Самоил Малчески, студентскот лидер. Прво, каде беше барем еден од нив да се кандидира за претседател на ссукм? Каде е барем еден од нив сега да собере петиција за да му изгласаат недоверба? Премногу зборување, премалку акција. Многупати, оставајќи нешто да тече без да преземеме акција е еднакво на поддршка на лошата опција.

Така да, to sum up, јас сум среќен што студентите беа тепани. Камо да беа уште повеќе. Бидејќи само драстичен акт е потребен за да ги разбуди од декадниот зимски сон во кој се наоѓаат.

1 comment:

Јована Тозија said...

"имаат морална социјална облигација да ги едуцираат и да најдат начин да влијаат на нивното оформување и вклучување во нормален социјален тек"???

Како бре јас да земам да едуцирам неписмено говедо??? Тоа се учи кога си мал, што е примерно а што не примерно поведение, во градинка, дома и во основно...

Знам дека многу сакаш да си контроверзен, ама не збори без врска. Тебе детето некоја битанга таква да ти го истепа, да те видам што ќе мислиш...